Стефан Тренески 20-ти на дебитантската трка во Формула 4

Maкедонецот Стефан Тренески денеска ја заврши својата прва трка во Формула 4 во рамките на ЦЕ3 Дивизијата.

Тренески во конкуренција на 28 возачи во својата група заврши на 20-тата позиција, а веќе утре го чека нов настап и тоа на легендарната „Ред Бул Ринг“ во Австрија.

На денешната трка победи Тео Брнештајн од Јенезер Мотоспорт, додека подиумот го дополнија уште Макс Каран од истиот тим и Давид Валтер од Мафи Рејсинг.

Сезоната во Формула 4 опфаќа вкупно шест тркачки викенди, од кои два ќе се возат на патеки што се користат и во Формула 1, што претставува дополнителен предизвик, но и можност за докажување на младите возачи.