Роналдо ќе збесне: Негов сонародник му „заби нож во грб“, а го пофали Меси!

Фудбалерот од средниот ред на ПСЖ Жоао Невеш ја изненади фудбалската јавност откако го изостави својот сонародник и капитен на репрезентацијата, Кристијано Роналдо, од листата на најдобри играчи во саудиската Про лига и португалската репрезентација.

Во анкета во која требаше да ги издвои најистакнатите фудбалери во неколку лиги, Невеш го прескокна еден од најдобрите на сите времиња. Наместо Роналдо, тој за најдобар играч во Саудиска Арабија го избра својот сонародник Жоао Феликс од Ал-Наср, нарекувајќи го „волшебник“.

Од друга страна, за најдобар играч во американската лига го посочи Лионел Меси, капитенот на Интер Мајами и „вечниот ривал“ на Роналдо. На прашањето кој е најдобар фудбалер во португалската репрезентација, Невеш даде неочекуван одговор.

„Тоа е тешко прашање. Веќе наведов португалски ѕвезди од англиската и италијанската лига, па затоа ќе се изберам себеси“, изјави Невеш.

Жоао Невеш стана дел од португалската репрезентација во октомври 2023 година по одличните настапи за Бенфика, а оттогаш ја дели соблекувалната со Роналдо и Феликс.