Синер си ја заврши работата, сега го чека Алкараз за спектакл

Осми пат по ред, а третпат оваа сезона, Јаник Синер го совлада Александер Зверев.

Во полуфиналето на мастерсот во Монте Карло, Синер без поголеми проблеми го надигра Зверев со 2-0 во сетови (6:1, 6:4) за само 82 минути игра.

Првиот сет донесе доминација на Синер, особено со својот форхенд, додека Зверев правеше премногу грешки. Германецот заигра поагресивно во вториот сет, но не успеа да создаде ниту една брејк-топка.

При резултат 4-5 во вториот сет, Зверев направи грешка на 15-15, по што Синер со маестрален пасинг удар стигна до две врзани меч-топки. Следуваше уште еден одличен поен и винер за конечна победа и негово 12. мастерс финале.

За четвртата последователна мастерс титула, осма вкупно во кариерата, Синер ќе игра против победникот од дуелот меѓу Карлос Алкараз и Валентин Вашеро.