Арсенал се коцка со титулата, Бормут ги освои бодовите на „Емирати“ (ВИДЕО)
Избраниците на Андони Ираола одиграа одличен натпревар и во текот на комплетните 90 минути беа конкурентен ривал на „топџиите“. Бормут стигна и прв до водство со голот на Крупи по 17 минути игра.
Арсенал дојде до израмнување на десетина минути пред крајот на првиот дел кога Ѓокереш сигурно реализираше пенал. Со по еден гол на двете страни се замина на паузата.
Во вториот дел токму во моментите кога изгледаше дека домаќините почнуваат да преземаат иницијатива и да извршат притисок за три бода, стигна шок преку Скот кој во 74. минута погоди за триумф на Бормут.
На табелата Арсенал има девет бода повеќе од Сити на врвот на табелата, меѓутоа лондонската екипа е и со два натпревари повеќе.