Тага и солзи во Арена: Партизан и Гробари се простија од Вујошевиќ (ВИДЕО)

Кошаркарскиот клуб Партизан и навивачите вечерва се збогуваа со Душко Вујошевиќ во Белградската арена.

Пред арената во текот на денот беше отворена и книга на жалост, а навивачите ќе можат да се потпишат во сабота од 11 до 16 часот. Целата Арена пред натпреварот против Жалгирис, во претпоследното коло од Евролигата, му оддаде почит на најтрофејниот тренер на црно-белите, кој почина пред три дена на 68-годишна возраст.

 

 

По претставувањето на играчите, на големото платно беше прикажан краток филм за Душко Вујошевиќ. Во тој момент, навивачите ја осветлија најголемата сала во Србија. Сè изгледаше многу емотивно, толку многу што луѓето во Арената не можеа да ги сокријат солзите и тагата поради големата загуба...

 

 

Следеше неофицијалната химна на Партизан, а пред почетокот на самиот натпревар, беше одржана минута молчење за да му се оддаде последна почит на Вујошевиќ.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by B92 Sport (@b92.sport)

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by B92 Sport (@b92.sport)