Голманот на Бодо/Глимт доби и четврти пасош, сега може да брани на СП!

Чуварот на мрежата на Бодо/Глимт, Никита Хајкин, доби норвешко државјанство и сега може да брани за норвешката репрезентација на Светското првенство, но се ќе зависи од селекторот.

Селекторот на Норвешка, Столе Солбакен потврди дека Хајкин ќе биде во конкуренција исто како и сите други, но веќе има воспоставена хиерархија во националниот тим.

30-годишниот голман, подолго време изразуваше желба да брани за Норвешка, доби државјанство по забрзана постапка и се надева дека наскоро ќе застане меѓу стативите на националниот тим.

Тој поседува и руско, израелско и англиско држајванство. Во младинските категории настапуваше за Русија, беше и дел од академијата на Челси.

Фото: ЕПА