Левандовски си оди од Барса – Милан и Јувентус го убедуваат да не се пензионира!
Таквиот развој на настаните веднаш ги активираше европските гиганти, па Милан и Јувентус внимателно ја следат ситуацијата со намера да го доведат без оштета. Засега, „росонерите“ имаат мала предност, но „старата дама“ сигурно нема лесно да се откаже од трката.
Самиот Левандовски во неколку наврати изјави дека не размислува за заминување од Барселона и дека, доколку не добие нов договор, сериозно размислува дури и за пензија, со план да остане да живее со семејството во каталонската престолнина. Но и покрај годините, тој и натаму игра на високо ниво – сезонава има 17 голови на 39 натпревари, додека од доаѓањето во 2022 година веќе стигна до бројка од 118 погодоци во дресот на каталонскиот гигант.
Импресивна е и неговата вкупна кариера, во која има постигнато повеќе од 700 голови, што го вбројува меѓу најдобрите напаѓачи на сите времиња.