Ѓорческа ќе игра четвртфинале на силниот турнир во Мадрид!
Руската тенисерка Корнеева беше сериозна фаворитка во овој дуел, таа е 122 место на ВТА листата, а така и го почна мечот против Лина, го доби првиот сет со 6-3.
Вториот сет Ѓорческа го отвори со брејк, поведе со 1-0, по што Корнеева предаде поради повреда.
Македонската тенисерка во четвртфиналето ќе игра против Лиза Пиџато од Италија која е 189. место на ВТА листата.