УЕФА ќе го казни судијата кој не досуди пенал за Барса!?
Најмногу внимание привлече недосудениот пенал за Барселона кога голманот Мусо изведе гол аут додавајќи до Ле Норманд, а фудбалерот на Атлетико ја фати топката со рака па изведе и тој.
Во Барселона сметаат дека тоа е чист пенал, судијата Ковач има свое објаснување зошто не досудил најстрога казна.
Но, мнозинството смета дека тоа е судиска грешка, огромна.
Според „Мундо Депортиво“, УЕФА би можела да го казни Ковач со тоа што ќе го исфрли за понатамошниот дел од сезоната во Лигата на шампионите. Тој нема да суди на преостанатите мечеви.