Ковач објасни зошто не досудил пенал - во Барса дури сега ќе бидат бесни (ФОТО)
Покрај исклучувањето на Пау Кубарси во првото полувреме, на душа на искусниот арбитар му се става и тоа што не досуди пенал за Барса на стартот од вториот дел откако Пубил играше со рака пред својот гол. Интересно е тоа што не се огласи ниту ВАР, но и покрај контрадикторните информации, судијата Ковач би свесен за прекршокот кој го направиле фудбалерите на Атлетико.

Наводно, тој објаснил дека не досудил пенал за Барса затоа што Јамал се наоѓал во шеснаесетникот на Атлетико и поради тоа не постоеле услови акцијата на гостинскиот тим да почне.
Снимките, меѓутоа, го демантираат Романецот. Во моментот кога Мусо му подава на Публик, Јамал не се наоѓа во шеснаесетникот, туку влегува откако е направено првото додавање. Шпанските медиуми тврдат дека имало комуникација меѓу Ковач и ВАР, но судијата категорично посочил дека акцијата на Атлетико не е почната.