Крај на победничката серија: Партизан по продолженија загуби во Истанбул
Првата четвртина не понуди многу ефикасна кошарка во нападот, односно Анадолу Ефес стигна до 15-13. Во вториот дел домашниот состав постигна мизерни девет поени, додека „црно-белите“ од Белград стигнаа од предност од 36-24 на полувреме.
Анадолу Ефес успеа да го сврти мечот во своја корист во вториот дел, но Партизан во завршницата се избори за продолженија, каде што остана без енергија и загуби со 72-79.
Најефикасен во победничкиот тим беше Лојд со 24 поени и два скокови, додека Милтон постигна 12 поени и две асистенции за Партизан.
На вториот меч кој се одигра вечерва Монако славеше со 81-76 против Асвел.
Фото: Facebook/Anadolu Efes SK