Ројевиќ по победата над Пелистер: Ова ни ја крева самодовербата пред Целје

Охрид вечерва успеа да го шокира Пелистер (27-26) во драматична завршница во Битола, а тренерот Борис Ројевиќ кажа дека е задоволен со триумфот.

Ројевиќ кажа дека неговите ракометари одиграле послабо прво полувреме, но во вториот дел влегле во одличен ритам и на крајот стигнале до посакуваниот резултат.

„Им честитам на моите ракометари за извонредната борба. Во првото полувреме бевме во грч, но во вториот дел трчавме повеќе и постигнавме лесни голови. Мислам дека одигравме одлично второ полувреме, имаше добра атмосфера пред 3.000-4.000 гледачи. Многу ни значат овие два бодови, да се обидеме да обезбедиме место во Лига Европа и да се посветиме на Европскиот Куп каде што имаме големи амбиции и сигурно овие натпревари ни ја креваат самодовербата пред Цејле во полуфиналето“, кажа Ројевиќ.