Бетис ремизира на гости кај Брага - полуфиналистот ќе се решава во реваншот (ВИДЕО)

Фудбалерите на Брага и Бетис ремизираа (1-1) во првиот меч од четвртфиналето во Лига Европа во Португалија.

Домаќинот до водство стигна во петтата минута, кога Диего Родригеш центрираше од корнер, а Флоријан Грилиш постигна прекрасен гол.

Бетис ја презема иницијативата во продолжение и имаше неколку добри шанси, но голманот Лукаш Хорничек беше на висина на задачата.

Гостите до изненадување стигнаа во 61. минута кога Ернандез од пенал го матира противничкиот голман за 1-1. Головите од натпреварот може да се погледнат ТУКА.

Реваншот меѓу Брага и Бетис се игра на 16 април од 21 часот во Шпанија.

Фото: Real Betis Balompié/Facebook