Вардар сега има прилика да му се одмазди на Монпелје за болниот пораз во Келн!
Вардар од францускиот тим беше поразен во полуфиналето на фајнал-фор турнирот во 2018 година, годината меѓу двете титули во најелитното ракометно натпреварување во Европа.
Во тој натпревар во Келн, Монпелје беше подобар противник водеше и на полувремето со 14-11, а иако Вардар успеа да го добие вториот дел сепак не беше доволно за пресврт, Монпелје се радуваше со 28-27.
Најефикасни кај Вардар во тој дуел беше Лука Циндриќ и Вуко Борозан со по шест гола, додека на спротивната страна Валентин Порте се истакна со осум.
Сега првиот натпревар се игра на 28 април во Франција, додека реваншот е на 5 мај во Македонија.
Фото: EPA