Тага во Романија: Почина фудбалската легенда Луческу
Болницата во Букурешт ја потврдила тажната вест и соопштила дека романскиот тренер починал денеска околу 19.30 часот.
Стратегот најпрво бил примен во болница на 29 март по срцев удар, по што неговата состојба се влошила на 5 април, кога доживеал уште еден инфаркт.
Луческу во кариерата играше за Динамо Букурешт и Корвинул Хунедоара каде што остави најголема трага, додека како тренер работеше во Романија, Пиза, Бреша, Рапид Букурешт, Интер, Галатасарај, Бешикташ, Турција, Динамо Киев и други тимови.