Вардар го дозна противникот во четвртфиналето на Европската лига
Монпелје вечерва загуби во ревнашот од Елверум со 31-35, меѓутоа во првиот натпревар славеше со +12 (36-24), па веќе си обезбеди пресметка против „црвено-црните“.
Најефикасен во редовите на Елверум во реваншот беа Доминик Мате и Петер Лукаш со по шест голови, додека Давид Балаге и Уго Брајан Монте Дос Сантос запишаа по пет погодоци за Монпелје.
Првиот натпревар се игра на 28 април во Франција, додека реваншот е на 5 мај во Македонија.