Миовски бил дополнително мотивиран против Данди Јунајтед - имал гости од Македонија (ВИДЕО)
Еден од четирите гола за тимот од Глазгов постигна македонскиот репрезентативец Бојан Миовски кој во финишот од мечот го постави конечниот резултат. Нашиот напаѓач бил дополнително мотивиран на овој натпревар затоа што во публиката имал навивачи о Македонија кои дошле да го бодрат, а од Миовски добија дрес на подарок.
Присуството на Македонците на натпреварот против Данди Јунајтед го одбележа и Фудбалскиот клуб Ренџерс на социјалните мрежи.