Хорор сцена: Хрватски ватерполист за малку ќе останеше без око (ВОЗНЕМИРУВАЧКО ФОТО)
Во самиот финиш од натпреварот, хрватскиот ватерполист доби прст директно во окото – ситуација која лесно можеше да заврши катастрофално. Станува збор за типичен, но брутален момент од ватерполото, спорт кој важи за еден од најконтактните и најсурови во водата. Иако на прв поглед делува безопасно, фотографијата што ја објави Хрватски ватерполо сојуз ја откри вистинската тежина на повредата – сцена која брзо го обиколи светот и шокираше многумина.

„Ова е ватерполо во своето најреално издание. Спорт кој знае да биде исклучително груб. Ударот што го доби Лука можеби делуваше безопасно, но фотографијата кажува сè. За среќа, нема видливо оштетување на рожницата, но видот моментално му е заматен и ќе следи период на опоравување“, соопштија од сојузот.
Иако првичните информации се охрабрувачки, повредата е сериозна и ќе бидат направени дополнителни прегледи.
