Дури 30 фудбалери се под закана за суспензија во ЛШ!

Вечерва почнува четвртфиналето во Лигата на шампионите во кое осум тимови ќе се борат за место помеѓу четирите најдобри во Европа, а ова се натпревари во кои секој детал може да биде одлучувачки, па така и суспензиите. 

Имено, вкупно 30 фудбалери од сите осум тимови се под закана да го пропуштат реваншот следната недела, ако во првите дуели заработат жолт картон. Сепак, некои од нив и така нема да играат поради повреди, како што се Родриго од Реал Мадрид, Конор Бредли од Ливерпул и Пабло Бариос од Атлетико Мадрид.

Најмногу проблеми има Атлетико Мадрид каде што осум фудбалери се под закана за суспензија. Реал Мадрид има еден помалку, но треба да внимаваат нивните ѕвезди, Винисиус Жуниор, Килијан Мбапе и Џуд Белингем. Во Барселона на удар се Ламин Џамал и Фермин Лопез.

ФУДБАЛЕРИ СО ЖОЛТИ КАРТОНИ:

Реал Мадрид: Хујсен, Карерас, Чуамени, Белингем, Мбапе, Винисиус Жуниор, Родриго (повреден)
Баерн Минхен: Лајмер, Упамекано
Спортинг: Луис Суарез
Арсенал: Зубименди, Норгард
ПСЖ: Кварацхелија, Нуно Мендеш
Ливерпул: Бредли (повреден), Гравенберх, Џонс, Ван Дајк
Барселона: Жерар Мартин, Касадо, Фермин Лопез, Ламин Јамал
Атлетико Мадрид: Љоренте, Ле Норман, Ленгле, Пубил, Руџери, Симеоне, Алмада, Бариос (повреден)

На програмата од 21:00 часот вечерва ќе се сретнат: Реал Мадрид – Баерн Минхен и Спортинг Лисабон – Арсенал, додека утре ПСЖ ќе го пречека Ливерпул, а Атлетико ќе гостува на Барселона во истиот термин.