Четврти гол сезонава на Аврамовски, но Сива не освои ни бод (ВИДЕО)
Неговиот тим Сива доживеа пораз од Ерок на домашен терен со 1-3, а Аврамовски беше стрелец на единствениот погодок за својата екипа. Нашиот фудбалер влезе во игра на почетокот на второто полувреме, а погоди во 88. минута, на асистенција на уште еден македонски интернационалец Ваљон Етеми, за намалува на негативата на 1-2 во тие моменти. Сепак, во судиското продолжение Ерок постигна уште еден гол и го постави конечниот резултат.
Сива со овој пораз испушти голема шанса да се доближи до седмото место кое води во плејофот, но до крајот има уште пет кола и доволно време да се надополни испуштеното.