Лидс на пенали го доби лудиот меч против Вест Хем за место во полуфинале! (ВИДЕО)
Лидс поведе со гол на Танака во 26. минута, а на 15 минути до крајот Калверт Луин зголеми на 2-0 за Лидс.
Кога се чинеше дека гостите сигурно ќе го добијат мечот, се случи сензација. Фернандеш во 93. минута намали на 1-2, а Дисаси во 96. минута израмни на 2-2 и го однесе мечот во продолженија.
Се играа две продолженија од по 15 минути, во првото Вест Хем даде гол, но ВАР им го поништи поради офсајд. Немаше регуларни погодоци, па пеналите решаваа.
Во пенал серијата Боуен и Пабло промашија за Вест Хем, Пиро не реализираше само за Лидс, па на крајот тие испаднаа победници и се пласираа во полуфиналето од ФА Купот.
Претходно место во полуфиналето изборија Манчестер Сити, Челси и Саутемптон кој го шокираше Арсенал.