Куманово со пресврт до победа кај најслабиот Радовиш!

Куманово со 28-24 триумфираше на гостувањето кај Радовиш, домаќинот кој нема освоено ни бод, храбро се бореше, водеше во првото полувреме, но на крајот го загуби мечот, кој беше дуел од плеј-аутот во македонската ракометна Суперлига.

Радовиш имаше изненадувачко водство на полувремето од 12-10, но Куманово успеа да го сврти резултатот во вториот дел и на крајот да дојде до победа од 28-24.

Најдобар стрелец во победничкиот тим беше Тоше Ончев со осум голови, кај гостите Васе Петров реализираше пет.

Во следното коло Куманово е домаќин на Пролет, а Радовиш гостува на екипата на Струга.

Фото: МРК Куманово