Гатузо пак покажа колку е голем, се жртвуваше за луѓето од стручниот штаб!
Гатузо ја напушти селекторската позиција во петокот, беше постигнат заеднички договор со Италијанската фудбалска федерација за негово заминување.
Тој мина помалку од една година како селектор на Италија откако го замени Лучано Спалети во јуни 2025 година.
Соопштението за разделба на Гатузо пристигна дури три дена по поразот од БиХ, причината била преговори за обештетувањето за стручниот штаб.
Гатузо решил да се откаже од парите кои би ги земал како компензација поради отказот, со цел неговиот стручен штаб соодветно да биде искомпензиран.
Ова не е првпат Гатузо да се откаже од пари за доброто на другите, истото се случи и во Милан кога доби отказ, но не ја зема компензацијата која му следуваше.