Лудо последно коло: ТФТ доживеа потоп, МЗТ не искористи - загуби во Чаир!

Екипата на ТФТ како првопласиран ќе влезе во плејофот од Суперлигата и покрај тоа што доживеа дебакл во Кавадарци во денешното последно коло од основниот дел.

Вицешампионот загуби на гостувањето кај Тиквеш со 74-102, но подарокот не го искористи бранителот на титулата МЗТ Скопје кој беше шокиран во Чаир и не го искористи подарокот. Чаирчани славеа со 76-68 за потврда на кризата на МЗТ Скопје кој и минатата недела се провлече во „вечното“ дерби со Работнички на домашен терен.

Ако ТФТ беше во длабока негатива уште во првото полувреме, МЗТ загуби поради серијата на Чаир од 15-0 пред крајот на третата и почетокот на последната четвртина која беше шокантна за шампионот. Блескаше Тачи кој постигна 17 поени, 12 асистенции и седум скока. Сепак, тоа не му беше доволно на Чаир да се пласира во плејофот и ќе продолжи во лигата за опстанок.

 

Standings provided by Sofascore

 

Тиквеш со победата против ТФТ си обезбеди пласман во плејофот, а место во него има уште за Маџари кој очекувано немаше проблеми со Ангели, како и за Кожув кој со голем пресврт го совлада Пелистер со 89-82. Најголем губитник е МКК Куманово кој по финалето во Купот на Македонија влезе во голема криза, доживеа неколку порази, а денеска и Работнички го потврди неговиот дебакл.

По ова, лигата се дели на сегмент за титула и сегмент за опстанок во чии рамки ќе се одиграат по пет кола, односно еднокружен систем. Најдобрите четири од топ-6 одат во плејофот, а најслабите три од плејаутот се селат во понизок ранг.

РЕЗУЛТАТИ
Чаир - МЗТ Скопје 76-68
Кожув - Пелистер 89-82
Гостивар - Феникс 76-74
Маџари - Ангели 106-81
Работнички - МКК Куманово 76-72
Тиквеш - ТФТ 102-74