Шок во Тетово: Пелистер во 93. минута ја нокаутира Шкендија (ВИДЕО)

Фудбалерите на Пелистер успеаја да го шокираат актуелниот шампион Шкендија со 2-1 во 25. коло од македонската Прва лига.

Тетовци први ја затресоа мрежата на противникот преку Ендрит Красниќи, но голот беше поништен поради офсајд, по што Стефан Спировски стрелаше за предност од 1-0 во 37. минута. Бесарт Ибраими, сепак во финишот на првото полувреме успеа да ја анулира негативата и да погоди за 1-1.

Домашната екипа се закани и на почетокот на второто полувреме, но голманот на битолчани беше на висина на задачата, по што и гостите имаа неколку шанси, меѓутоа мрежите мируваа.

Екс-вардарецот Вилдан Керим беше херој на гостите од Битола, откако во третата минута од судиското надополнување успеа да стрела за конечни 2-1.

Шкендија останува на втората позиција со 58 бодови, колку што има и лидерот Вардар, но скопскиот тим допрва треба да го одигра својот меч од 25. коло против Македонија ЃП.

Standings provided by Sofascore