Милан доби одлични вести пред дербито против Елмас и Наполи

Милан в понеделник го игра дербито со Наполи на стадионот „Диего Армандо Марадона“ од 20.45 часот, а „росонерите“ пред натпреварот добија важни вести.

На тренингот на Милан се врати еден од најдобрите фудбалери на клубот, Рафаел Леао и се очекува да биде подготвен за дуелот против Наполи.

Милан е втор во Серија А со 63 бодови, односно шест поени помалку во однос на лидерот Интер.

Фото: Facebook/Milan