Де Брујне најавува пензија: Веќе не уживам, губам интерес...
Имено, 34-годишниот фудбалер од средниот ред истакна дека е среќен во Неапол, меѓутоа полека како да губи интерес.
„Овој проект беше најдобар за мене и моето семејство, сакав да играм на највисоко ниво и Наполи тоа ми го овозможи. Секогаш сакам да сум среќен и во работата и во животот, само така можете да бидете на потребното ниво. Сепак, во последно време по малку губам интерес и не уживам како некогаш. Претпоставувам дека тоа е нормално по 30 години во секоја работа“, изјави Де Брујне.
Во кариерата Де Брујне настапуваше уште за Генк, Челси, Вердер, Волфсбург и Манчестер сити од каде што дојде во Наполи.