Скандалозно: Италијанците пред битката со БиХ преговарале за пари?!

Фудбалерите на Италија побарале исплата на премија од 300.000 евра пред одлучувачкиот бараж натпревар за пласман на Светското првенство против Босна и Херцеговина, пренесува тврди „Ла Република“ 

Наводно, според тврдењата на италијанскиот медиуми станува збор за околу 10.000 евра по играч, сума која требало да се подели само во случај на обезбеден пласман.

Барањето било изнесено непосредно пред финалето од баражот, но тогашниот селектор Џенаро Гатузо наводно ги спречил фудбалерите од понатамошни разговори со Фудбалската федерација на Италија. Тој инсистирал дека за бонуси може да се разговара дури по обезбеден пласман на Мундијалот, а не пред клучниот натпревар.

На крајот, Италија го загуби финалето против Босна и Херцеговина по изведување пенали, по што Гатузо поднесе оставка, а „Аѕурите“ така останаа без трет Мундијал во низа.

По новиот дебакл, оставки покрај Гатузо, поднесоа и претседателот на федерацијата Габриеле Гравина, како и шефот на делегацијата Џанлуиџи Буфон.

Италијанските медиуми додаваат дека фудбалерите по поразот се обиделе да го убедат Гатузо да остане на селекторската функција, но тој ја одбил таа можност.

„Република“ ја оцени целата ситуација со премиите како показател за менталитетот со кој дел од тимот пристапил кон натпреварот.

„Тажниот епилог покажа дека Рино беше во право, но истовремено го отсликува и начинот на размислување со кој некои играчи влегоа во натпреварот што можеше да ја врати Италија на мундијалите“, се наведува во текстот.