Eкс-водач на ултрасите на Милан ќе помине речиси две децении во затвор!
Според обвинението, Лучи организирал транспорт на повеќе од три тони хашиш и марихуана. Пресудата во скратена постапка ја донесе судијката Џулија Масчи од судот во Милано, а Лучи ја доби највисоката казна меѓу 23-цата обвинети во случајот.
Навивачкиот лидер се товари дека раководел со криминална организација која во периодот од јуни 2020 до март 2021 година прошверцувала повеќе од три тони дрога.
Оваа пресуда е дел од пошироката истрага со кодно име „Допија Курва“ (Двојна трибина), која од септември 2024 година го разоткри врвот на организираните навивачки структури на Интер и Милан.
Истрагата открила криминална мрежа вклучена во изнуди, насилство и трговија со дрога, со дополнителна отежнувачка околност, поврзаност со мафијашката организација „Ндрангета“.
Фото: EPA