Гвардиола нема ништо против: Родри пред сензационален трансфер во Реал Мадрид!?

Во четвртфиналето од ФА Куп денеска на програмата е големото дерби меѓу Манчестер Сити и Ливерпул, но покрај случувањата на теренот – вниманието го украде изјавата на Пеп Гвардиола.

Главна тема пред дербито е иднината на Родри, клучниот играч за врска на Сити, кој сè почесто се поврзува со трансфер во Реал Мадрид, а токму шпанскиот стратег дополнително ги подгреа шпекулациите.

„Не можам да се сетам на фудбалер кој би одбил да игра за Реал Мадрид. Го разбирам тоа – роден е во Шпанија... Би сакал Родри да остане што е можно подолго, бидејќи е неверојатен играч, но секој си го избира својот пат“, изјави тренерот на Сити.

Оваа изјава јасно отвори простор за голем летен трансфер. Родри, кој ја освои и Златна топка 2024, би можел кариерата да ја продолжи во Реал Мадрид. „Граѓаните“, пак, во денешниот меч влегуваат по освојувањето на Карабао Куп, но и по разочарувањето од елиминацијата во Лига на шампиони токму од „кралевите“.

ФОТО: Mancity.com