Главоболки за Слот: Ливерпул ќе биде ослабен во дербито со ПСЖ
Тренерот на „црвените“, Арне Слот кажа дека Алисон не е подготвен за настап и ќе ја пропушти пресметката со ПСЖ во Лигата на шампиони (ЛШ).
„Алисон нема да биде дел од натпреварот против ПСЖ. Ќе биде отсутен подолг период. Пред крајот на сезоната очекуваме повторно да го брани нашиот гол“, кажа Слот.
Во отсуство на Алисон, на голот на Ливерпул се очекува да застане Георги Мамардашвили.
Фото: Liverpool FC