Ојлески: Нè очекува тежок натпревар, Олимпијакос нема лесно да се предаде
Ојлески посочи дека очекуваат тежок натпревар затоа што Олимпијакос нема лесно да се откаже од пласман понатаму во европското натпреварување.
„Имавме тешко патување и тежок натпревар во Атина. Имаме неколку повредени играчи, но се подготвуваме максимално. Натпреварот во сабота нема да биде лесен како што се мисли. Олимпијакос е квалитетна екипа со добри ракометари кои ќе се обидат да променат нешто од првиот натпревар. Тие нема да се откажат лесно од пласман понатаму. Се надевам дека сите ние ќе одиграме добар натпревар. Ги повикувам љубителите на ракометот да ни дадат поддршка. Сакаме ракометен спектакл и се надевам дека ќе го оствариме тоа што сме го зацртале“, кажа Ојлески.
Натпреварот меѓу Охрид и Олимпијакос се игра утре во СРЦ „Билјанини Извори“ од 18 часот.