Гатузо го напушта кормилото на Италија - има двајца кандидати за негов наследник!

Италија доживеа пораз на пенали од Босна и Херцеговина и остана без пласман на Светското првенство (СП), а тој неуспех му пресуди и на селекторот Џенаро Гатузо.

Гатузо не ја исполни главната цел на Италија, а тоа е пласман на Мундијалот, па новинарот Фабрицио Романо пишува дека стратегот наскоро ќе го напушти кормилото.

„Скај Спортс“ веќе објави двајца кандидати за кормилото на „аѕурите“, а тоа се звучни имиња како Антонио Конте и Масимилијано Алегри.

Фото: Facebook/Nazionale Italiana di Calcio