Барди: Работите некогаш не излегуваат како што замислуваме, главата горе!
Во баражот Македонија прво загуби убедливо во Копенхаген од Данска со 4-0, а потоа во натпреварот без резултатско значење ремизиравме во Даблин против Ирска 0-0.
„Дадовме сè од себе понекогаш работите не излегуваат како што ги замислувавме. Ви благодариме за поддршката се гледаме со нови успеси. Напред Македонија. Глава горе“, напиша Барди.
Барди беше стартер и на натпреварот во Копенхаген и во Даблин.