Алесандро Неста за првпат може да добие работа во Премиер лигата
По вчерашното официјално претставување на Де Зерби како нов менаџер, немаше детали за неговите соработници. Италијанецот сè уште го формирал својот тим, а медиумите на „чизмата“ пишуваат дека еден од неговите главни соработници најверојатно ќе биде Александро Неста.
Поранешниот одличен стопер остави длабок трага како играч во дресовите на Лацио и Милан, а со Италија ја освои титулата на Светското првенство во 2006 година во Германија. Има искуство Неста и како тренер, работеше во Мајами, Перуџа, Фросиноне, Реџиана и Монца.
Во Монца во последниот ангажман беше главен тренер, меѓутоа сега соработката со Де Зерби и фудбалот во Премиер лигата би можеле да бидат причина одново да прифати улога на помошник.