Камавинга со порака до Олисе: Сега сме пријатели, но за две недели ако треба ќе те убијам

Едуардо Камавинга и Мајкл Олисе се колеги во репрезентацијата на Франција, но фудбалерот на Реал Мадрид испрати јасна порака до неговиот соиграч пред пресметката во Лигата на шампиони (ЛШ) меѓу нивните клубови.

Камавинга го најави дуелот меѓу Реал Мадрид и Баерн Минхен во ЛШ, а притоа му порача на Олисе дека треба да внимава, иако во интервјуто делуваше дека се шегува.

„Му кажав на Олисе дека сега сме пријатели, но за две недели, ако морам да го убијам, ќе го направам тоа“, кажа Камавинга.

Првиот меч меѓу екипите с еигра на 7 април, додека реваншот е закажан за 15 април.

Фото: Facebook/Équipe de France de Football