Панини го објави најголемиот албум за СП - ќе има дури 980 сликички (ВИДЕО)

Сите со нетрпение го очекуваат почетокот на Светското првенство (СП) оваа година, а Панини во меѓувреме го објави албумот кој ќе биде најголем досега и ќе има дури 980 сликички.

Поради тоа што на турнирот ќе настапат дури 48 репрезентации, албумот е составен од 112 страници, а колекционерите во него ќе треба да залепат 980 сликички, односно 310 сликички повеќе во споредба со албумот од Мундијалот во 2022 година.

На официјалната страна на Панини се продаваат сликичките по цена од 1,80 евра по пакетче, а добра вест е тоа што во секое ќе има по седум наместо шест сликички.