Распад-систем во Италија: Гравина и Буфон поднесоа оставки!

Италија трет пат по ред остана без пласман на Светското првенство (СП), што предизвика големо разочарување и навивачите побараа оставки од најважните луѓе, а двајца од нив им ја исполнија желбата.

Габриеле Гравина поднел оставка од позицијата претседател на Фудбалската федерација на Италија, а заедно со него заминува и легендарниот голман Џанлуиџи Буфон, кој досега беше шеф на италијанската делегација.. 

„Аѕурите“ беа на чекор до пласман на Мундијалот, меѓутоа загубија на пенали од Босна и Херцеговина во Зеница.

СП ќе се игра оваа година од 11 јуни до 19 јули во САД, Канада и Мексико.

Фото: EPA