Барди: Работите некогаш не излегуваат како што замислуваме, главата горе!

Капитенот на фудбалската репрезентација, Енис Барди по настапот на Македонија во баражот за Светското првенство се огласи на социјалните мрежи.

Во баражот Македонија прво загуби убедливо во Копенхаген од Данска со 4-0, а потоа во натпреварот без резултатско значење ремизиравме во Даблин против Ирска 0-0.

„Дадовме сè од себе понекогаш работите не излегуваат како што ги замислувавме. Ви благодариме за поддршката се гледаме со нови успеси. Напред Македонија. Глава горе“, напиша Барди.

Барди беше стартер и на натпреварот во Копенхаген и во Даблин.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by BARDHI (@enisbardhi10)