Франција за да стане светски шампион мора да разбие две „проклетства“
Сепак, избраниците на Дидие Дешан ќе мора да се соочат со две историски „проклетства“.
Откако ја престигна Шпанија и го презеде првото место на ФИФА ранг-листата, Франција дополнително го потврди статусот на сериозен кандидат за титулата. Но, историјата не е на нивна страна. Откако постои ФИФА рангирањето, ниту една репрезентација која на турнирот пристигнала како број еден во светот не успеала да го освои Мундијалот.
Иако звучи парадоксално, статусот најдобар во светот често се покажува како „пречка“ на патот кон титулата.
Во составот на Франција е и Осман Дембеле, актуелен освојувач на „Златната топка“, што го носи и второто „проклетство“ бидејќи во повеќе од 70 години постоење на ова признание, ниту една репрезентација со актуелен добитник во тимот не станала светски шампион.
Овој тренд не успеаја да го срушат ниту Лионел Меси и Кристијано Роналдо кои доминираа со „Златната топка“ повеќе од 15 години, а нивните репрезентации не освоија Светско првенство во истата година кога тие го имаа ова признание.
Светското првенство како што е познато се игра во САД, Канада и Мексико, почнува на 11 јуни, финалето е закажано за 19 јули.