Челси поставува негативни рекорди - има најголема загуба во историјата на лигата!

Англсикиот гигант Челси објави дека има втор најголем приход во клупската историја, но уште поголема е нивната загуба, односно изнесува неверојатни 262 милиони фунти.

„Сините“ се во голем минус за сезоната 2024/25, односно тие поставија рекорд за најголема загуба во една сезона во историја на Премиер лигата.

Претходниот рекорд го имаше Манчестер сити од сезоната 2010/11 кога „граѓаните“ беа во минус од 197,5 милиони фунти.

Европската куќа на фудбалот (УЕФА) претходно го казни Челси со 26,7 милиони фунти, и тоа на почетокот на сезоната поради кршење на правилата за односот на трошоците на клубот.

Фото: Facebook/Chelsea Football Club