Турскиот селектор задржан во болница - засега не може да ја напушти Хрватска (ВИДЕО)

Турскиот селектор Егемен Коркмаз се наоѓа во болница, откако докторите му забраниле да патува по тешката повреда со која се здоби на натпреварот меѓу селекциите на Хрватска и Турција до 21година.

Коркмаз во 36. минута се струполи покрај теренот и ја повреди главата, по што натпреварот беше прекинат додека интервенираа медицинските екипи.

Селекторот на младите турски фудбалер остана во болница во Осиек каде што го чека операција, односно ќе мора уште некое време да остане во Хрватска затоа што докторите не му дозволуваат да патува.