Toлку беше: Левандовски веќе нема да игра за Полска?
Полска вчера во финалето на баражот загуби од Шведска со 3-2, а решавачкиот гол го постигна Виктор Ѓокереш во 88. минута. По натпреварот, Левандовски објави фотографија на Инстаграм на која држи капитенска лента, придружена со песната „Време е за збогум“ (Time to Say Goodbye).
Сепак, засега Левандовски не потврдил дека сигурно веќе нема да го носи дресот на репрезентацијата. Со 37 години, Левандовски ќе беше еден од најстарите играчи на турнирот да се квалификуваше Полска.
Минатата година, Левандовски исто така најавуваше дека ќе се повлече од националниот тим поради конфликт со тогашниот селектор, кој на крајот поднесе оставка, а се врати како капитен во август по селекторската смена.
Левандовски е рекордер во полската репрезентација и по бројот на настапи кои ги има 165 и по бројот на голови 89. Следните натпревари Полска ги игра дури во септември кога на програмата се натпреварите од Лигата на Нации.