Ѓоковиќ за победата на Босна: Беше како холивудско сценарио!

Новак Ѓоковиќ вчера присуствуваше во Зеница каде што од трибините навиваше за Босна против Италија, а по натпреварот и победата над „Аѕурите“ не го криеше задоволството.

По натпреварот српскиот тенисер зборуваше и за медиумите, а драмата ја опиша како филмско сценарио.

„Историски успех, спектакл. Навистина бев среќен по победата на Босна и Херцеговина вчера. Многу сум среќен што имав можност да присуствувам, тоа се историски и спортски моменти кои се случуваат два до три пати во животот. Чест и привилегија е да бидам дел од тоа, народот беше во екстаза. Видов дека се славело во Сараево до доцна во ноќта. Заслужено. Таков спортски гигант како Италија да биде елиминиран на пенали, со целата таа драма, се беше како холивудско сценарио. На Босна и Херцеговина ѝ посакувам многу среќа на Мундијалот“, изјави Ѓоковиќ.

Босна на Светското првенство ќе игра во група со Швајцарија, Катар и еден од домаќините Канада.