Најдобриот тенисер на сите времиња избран за нов селектор на Македонија!
Оваа вест наскоро треба да биде официјализирана, откако популарниот Пецко веќе постигнал договор со челниците на Македонската тениска федерација (МТФ). Ова треба да биде првиот чекор кон издигнување на македонскиот тенис на повисоко нив, со оглед што последниве години играме буквално со најслабите селекции во светот. А во времето кога Русевски заедно со Лазар Магдинчев, Димитар Грабуловски и другите сега вече ветерани го носеше „жолто-црвениот“ дрес во Скопје паѓаа големи имиња како Ернест Гулбис и Јарко Ниеминен.
Русевски најдобриот ранкинг на АТП листата го имаше во февруари 2008 година кога беше на 242. позиција, додека зад него во оваа категорија се Александар Китинов кој беше 296-ти во 1996 година, Калин Ивановски (331.) и Магдинчев (339.).