Босанците можат да здивнат, Џеко не оди на операција

Капитенот на фудбалската репрезентација на БиХ, Един Џеко, секако беше среќен на денешната прес-конференција по пласманот со неговата репрезентација на Мундијалот, а исто така и ги израдува навивачите истакнувајќи дека операција за повредата на неговата клучна коска нема да биде потребна.  

Јавноста во Босна беше загрижена затоа што со евентуална операција Џеко ќе беше во трка со времето за настап на Мундијалот, меѓутоа според најавата на босанскиот капитен за помалку од два месеци ќе биде максимално подготвен.

„Се надевам дека за месец и пол ќе се вратам на терените“, изјави Џеко.

Светското првенство во САД, Канада и Мексико почнува на 11 јуни, а Босна првиот натпревар го игра токму со еден од домаќините, Канада на 13 јуни, во нивната група се уште Катар и Швајцарија.