Капело по елиминацијата на Италија: Ова е голема трагедија – епски срам за сите нас!
Тој не штедеше зборови во описот на тоа што се случи синоќа.
„Цела ноќ не склопив око, сè уште не можам да поверувам што се случи. Зборуваме за трикратен светски шампион – ова е спортска трагедија, огромен срам. Една од најлошите работи што му се случиле на италијанскиот фудбал во поновата историја“, изјави Капело.
Според него, проблемот не е само резултатски, туку длабоко структурен, поради што е потребна целосна реконструкција на системот .
„Мора да се соберат експерти, да се анализира што се случува и обновата да почне од темел. Проблемот не се само резултатите, туку структурата“, нагласи Капело.
Тој посебно потенцира дека е неопходно сериозно вложување во младинскиот фудбал и создавање нова база за иднината.
„Ќе биде многу тешко да се опоравиме од ова, но верувам дека токму овој удар може да биде почеток на вистинска обнова. Италија мора повторно да се измисли“, додаде италијанскиот стратег.
Капело оцени дека отсуството на Италија од последните три Мундијали претставува тежок удар за земја во која фудбалот има речиси култен статус.
„Италија е во жалост. За ваква фудбалска земја, третпат да остане надвор од Мундијалот е нешто што многу тешко се прифаќа“, порача Капело.
Италијанците лани „паднаа“ уште во полуфиналето од баражот по шокантниот, за нив, пораз во Палермо од Македонија (0-1).