Историска ноќ во Ел-Еј. Дончиќ и Леброн рушеа рекорди, Лејкерси осигураа плејоф (ВИДЕО)
Тој со оваа победа стигна до вкупно 1.229 триумфи во кариерата, вклучувајќи го и плејофот и го мина Карим Абдул-Џабар на вечната листа, откако само еден ден беа израмнети на врвот. Џејмс ноќеска постигна 14 поени, со шест асистенции и пет скока, а сезонава 41-годишниот ас во просек бележи 20,9 поени, седум асистенции и шест скока.
Вечерта ја одбележа и Лука Дончиќ , кој одигра фантастичен натпревар со 42 поени и постави неколку нови рекорди. Словенецот стигна до 600 поени во текот на март и стана еден од само десетте играчи во историјата на НБА со најмалку 600 поени во еден месец. Воедно, го надмина и рекордот на Коби Брајант за најмногу поени во еден месец како играч на Лејкерс. Дончиќ дополнително стигна и до бројката од 15.000 поени во НБА и стана трет најмлад играч во историјата што успеал во тоа. Пред него се само Леброн Џејмс и Кевин Дурент.
Успешната вечер за Лејкерс беше комплетирана уште пред почетокот на мечот, бидејќи по поразот на Феникс санс, тимот ја обезбеди титулата во Пацифичката дивизија и директен пласман во плејофот. Со оваа победа, „езерџиите“ стигнаа до 50 триумфи сезонава, втора година по ред, нешто што клубот последен пат го направи во периодот од 2007 до 2011 година.
РЕЗУЛТАТИ: Орландо-Феникс 115-111, Бруклин-Шарлот 86-117, Детроит-Торонто 127-116, Хјустон-Њујорк 111-94, Милвоки-Далас 123-99, ЛА Лејкерс-Кливленд 127-113, ЛА Клиперс-Портланд 104-114.
ФОТО: EPA PHOTO