Во БиХ никој не спиеше, се славеше до утринските часови! (ВИДЕО)

Босна и Херцеговина направи огромен успех, ја победи Италија на пенали и се пласираше на Светско првенство, второ во својата историја.

Сензационалниот успех ги извади сите Босанци на улица, луѓето во сите градови во БиХ излегоа и славеа до сабајле. Земјата гореше, факели, огномети, петарди, песна, среќни луѓе...

Погледнете дел од атмосферата во БиХ по мечот со Италија: