Павловиќ како голгетер: Даде гол со „ножички“ во победата на Србија (ВИДЕО)
Натпреварот го обележа голот „ножички“ на Страхиња Павловиќ во 67-та минута, откако претходно Саудијците имаа водство по првиот дел со голот на Абдуалах Ал Хамдан.
Пресвртот за Србите го комплетираше Александар Митровиќ кој стрелаше само три минути подоцна.
Во првиот натпревар во овој циклус, Србија беше поразена од Шпанија со 4-0.